Кучето е најдобар пријател на човекот.Постојат разни раси на кучиња.Секое куче си има свои
карактеристки.Кои се најплашливите раси кучиња во светот?
Далматинец
Ова преубаво куче ги освои срцата на луѓето ширум светот откако излезе познатиот и на многумина омилен цртан филм „101 далматинец“, според кој подоцна беше снимен и игран филм. Меѓутоа, експертите советуваат дека далматинецот не е добар избор за сопственици кои никогаш порано немале куче, бидејќи им е потребен доследен и принципиелен сопственик кој ќе има трпение при дресурата. Далматинците се особено плашливи и нервозни во близина на деца.
шар-пеј
Ова преслатко „набрано и згужвано“ куче на многумина им е омилена раса. Тие се одгледуваат како кучиња-чувари, па во гените им е да бидат сомничави и внимателни, но ваквото однесување често знае да прерасне во агресија према секоја непозната особа, како и кон останатите кучиња, мачки и други животни. Затоа социјализацијата и тренингот од рана возраст се единствен рецепт вашето куче да не развие непријателство, страв и нетрпеливост кон луѓето. Од безбедносни причини, како предострожност, оваа раса кучиња не се препорачува да се чува со други домашни миленици или добиток.
Чивава
Иако лајава и со уникатен карактер, чивавата е склона кон стравови и ги покажува така што силно се тресе, а неретко тоа го прават и затоа што им е ладно. Со просечна тежина од само 1-2 kg, чивавите се една од најмалите раси кучиња во светот, па оттука се поподложни на ефектите од ладното време. Особено се нервозни во близина на големи кучиња, а никако не сакаат кога на нив се вика и кога се занемарени. Ова се однесува на сите кучиња, но чивавите се исклучително чувствителни. Претплазливо запознавајте ја својата чивава со други кучиња и секогаш бидете внимателни и одмерени со неа.
Хрт
Многумина сметаат дека хртот е посебно куче, а со своето грациозно држење и елегантен изглед го привлекува вниманието на одгледувачите ширум светот. Но нивната животна приказна не е најсреќна. Имено, со оглед на тоа дека хртовите, на жалост, сѐ уште најчесто се одгледуваат за трки со кучиња, често се исцрпени, изгладнети и преоптеретени, а патат и од недостаток на интеракција со луѓе, па умеат да бидат изразено плашливи. Со години се вложуваат напори да им се помогне да станат исклучиво домашни миленици, а да престанат да бидат кучиња за заработка. Срамежливи се, па нивната доверба можете да ја придобиете со упорност, голема љубов и внимание. Денес разликуваме преку педесет видови хртови.
Постојат многу љубители на само одредени видови на кучиња, без разлика дали тоа се расни, каква боја имаат, или колку големо е кучето. Меѓутоа, на вистинските љубители на кучиња не им е важно од која раса е нивното домашно милениче, но сепак бараат да вдомат куче на кое можат да му обезбедат сè што му е потребно.
На пример, ако некој живее во стан и нема многу простор, сигурно нема да вдоми шарпланинец или некое друго куче кое бара многу повеќе простор, од тесна соба. За сите оние кои се двоумат какво куче треба да вдомат, а немаат доволно животен простор, ви ги претставуваме најмалите и најслатките раси на кучиња во светот.
Померанец
Ова слатко куче потсетува на полнета плишена играчка. Поради својот специфичен изглед, како и нежниот и мил карактер, но и големината, померанецот се препорачува на семејства кои живеат во стан, но и поради едноставната нега ова кученце се препорачува да го чуваат и постари лица. Померанците се идеални за чување во стан, бидејќи немаат потреба, на пример, да го уништуваат и да го гризат мебелот.
Тие се многу весели и среќни кученца, а нивното омилено задоволство е да прават разни акробации и движења само за вас, бидејќи овие кучиња дефинитивно сакаат да ви го привлечат вниманието. Тие се согласуваат и со други кучиња, но само ако ги социјализирате кога се на мала возраст.
Мајмунски пинчер
Ова куче го добило своето име поради неговата сличност со мајмун, поточно со лице кое е со мајмунолик изглед. Ова кученце е исклучително посветено и приврзано на неговото семејство. Тоа забележува сè, па затоа има особина на вистински голем чувар. Може да биде темпераментен и поради тоа да се најде во најразлични и необични ситуации.
Многу лесно и брзо се адаптира на живеење во стан, а исто така е познат и како ловец на глодари. Неговиот темперамент е карактеристичен и го краси бестрашност. Тоа е весело и разиграно кученце. Бидејќи е многу мудро куче, а ова кога ќе се спои со неговите други позитивни особини, ќе сфатите дека ова куче брзо ќе стане омилен член на вашето семејство.
Јоркшиски териер(мал воин)
Ова мало слатко немирно кученце сака да прави разни симпатични перипетии, но поради тоа запаѓа во разни проблемчиња, така што сопственикот мора да го држи на поводник или до себе. Тоа е многу радосно и весело милениче и секогаш е подготвено за игра и движење.
Малото териерче е многу лојално на сопственикот и недоверливо кон странци. Не се согласува баш најдобро со други кучиња. Што се однесува до децата, ова кученце дефинитивно подобро ќе се пролагоди со поголемки деца, бидејќи малите дечиња често знаат да играат малку погрубо. Оваа раса, токму поради својот карактер и потреба да ја одбранат својата територијата, ги нарекуваат и мали воини.
Малтезер
.Ова мало кученце многумина го препознаваат само по убавите бели и бујни влакна, но малтезерот е многу повеќе од тоа. Тоа е многу активно и темпераментно милениче, секогаш подготвено за игра. Малтезерот е лојален на сопственикот, но треба навреме да го запознаете со сите членови на семејството, бидејки ова кученце може да одбере само еден шеф во фамилијата, а кон другите може да не биде пријателски расположено па постои можност да грицне некого.